Grandland е целосно-новиот знаменосец на SUV-гамата на Opel и од денес е достапен во Македонија.
Новиот, грандиозен Opel Grandland пристигна во Македонија! Големиот SUV на Opel кој со себе носи грст иновации не ни е непознат – кон крајот на минатата година го возевме на интернационалната презентација во домот на Опел, Риселсхајм. А сега со задоволство можеме да кажеме дека супер-практичниот и технолошки-напреден SUV пристигна и во Македонија.
Grandland е поставен на STLA Medium платформата на Stellantis која од самиот старт е развиена со електрификацијата на прво место. А тоа значи Grandland може да се добие како целосно-електричен SUV, или пак со хибриден или плаг-ин хибриден погон. Секако, благодарение на платформата има пристап и до сите технолошки иновации и системи за безбедност кои Stellantis ги има во своето портфолио, а луѓето од Opel се особено горди на новите Intellilux HD светла кои имаат илјадници индивидуални светлечки пиксели.
Во Македонија, понудата започнува со Grandland во Edition ниво на опрема, кој се комбинира со хибриден погон со 136 коњски сили и автоматски менувач. Цената му е особено интересна, односно чини од 32.990 Евра. Достапни се и неколку интересни пакети на дополнителна опрема, а на самиот врв е Grandland во GS ниво на опрема.
За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Opel Македонија, или пак салонот на Opel на Илинденска во Скопје.



























