Златно Тркало 2025: Ова се кандидатите! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Златно Тркало 2025: Ова се кандидатите!

Официјално го започнуваме новото, шестто издание на Златно Тркало, а ова се кандидатите за најпосакувани автомобили во Македонија.

Денес и официјално започнува најновиот циклус од изборот за најпосакуван автомобил во Македонија, кој со колегите го нарековме Златно Тркало. Досега поминаа пет изданија, а ова е шесттото издание кое го организираме со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk.

Како и минатата година, и оваа година заедно со вас – нашите читатели – ќе ги одбереме победниците во пет различни категории. Оваа година ќе бираме Најпосакуван Семеен Автомобил, Најпосакуван Градски Автомобил, Најпосакуван Електрифициран Автомобил, Најпосакуван Премиум Автомобил и секако главната награда – Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија.

Оваа година се натпреваруваат еден куп автомобили. Некои од нив веќе добро-познати, некои од нив веќе сосем нови. Имаме навистина широк избор на кандидати – од мали, до големи, од бензински до електрични.

Најпосакуван Семеен Автомобил

Најпосакуван Градски Автомобил

Најпосакуван Електрифициран Автомобил

Најпосакуван Премиум Автомобил

Најпосакуван Автомобил во Македонија

Некои од кандидатите веќе добро ги познаваме, некои ќе ги запознаеме во седмиците кои доаѓаат и ќе ги претставиме на нашите страници. Во меѓувреме, разгледајте што имаме да понудиме за секој од нив и бидете подготвени да гласате бидејќи токму вие ќе ги изберете најпосакуваните автомобили во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.