Во салонот на Peugeot пристигна големиот 5008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Peugeot пристигна големиот 5008

Големиот знаменосец на SUV-гамата на Peugeot пристигна во Македонија.

Новиот 5008 е технолошки близок со 3008 (кој ние веќе добро го познаваме – го возевме во електрична изведба на презентацијата во Кан, а потоа во хибридна варијанта на наш, домашен терен) и стандардно доаѓа со седум седишта и редизајнирана кровна линија за да понуди навистина многу простор во кабината. Поставен на истата STLA Medium платформа на која е поставен и новиот 3008, 5008 ветува уште повеќе простор, уште повеќе практичност, но и рекордерски багажник, кој со преклопен трет ред седишта нуди капацитет од скоро неверојатни 748 литри.

Да, 5008 е голем SUV со седум седишта, а за да може да се добие доволно простор 5008 добива и зголемено меѓуоскино растојание – кај 3008 тоа е 2.74 метри, а кај 5008 има цели 2.9 метри меѓу оските. Секако, тука е и главната дизајнерска измена, односно редизајнираната кровна линија која кај 5008 е поконвенционална. Ако 3008 има fastback линија, 5008 има поконвенционална SUV форма.

Во однос на погонските опции, Е-5008 ги добива истите електрични опции кои се нудат и кај Е-3008, но и истиот хибриден погон. Доколку одберете електричен Е-5008, ќе можете да изберете меѓу погонот со 210 коњски сили, или пак помоќниот со 230 коњски сили. Достапни се и неколку варијанти на батеријата – основната е со 73 kWh, додека поголемата е со цели 98 kWh. Поголемата батерија ветува автономија од 660 километри.

Секако, тука е и хибридниот погон чија основа е 1.2-литарскиот турбо-бензинец со 136 коњски сили. Оваа комбинација добива лајт-хибриден систем со електромотор вграден во е-DSC6 менувачот и ветува подобрена ефикасност за цели 15% во однос на конвенционалниот погон (кој не се ни нуди во 3008 и 5008). Според Peugeot, лајт-хибридниот погон може до 50% од времето да вози на струја – секако, тоа е во спор, градски сообраќај, но токму во овие ситуации потрошувачката на гориво е најголема.

Поврзано:  Peugeot подготви „Лавовска“ есенска понуда за 208, 2008, 408 и 3008!

Од неодамна, во понудата е и плаг-ин хибриден погон кој комбинира 125-коњски електромотор и 150-коњски бензинец и според официјалните мерења може да помине 82 километри на електрична енергија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.