RAV-X е робусна верзија на Toyota Rav4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RAV-X е робусна верзија на Toyota Rav4

Концептот RAV-X е инспириран од возилата на Dakar Rally и истовремено го најавува дизајнот на следната генерација на популарниот кросовер.

Концептот е создаден од тимот за развој на делови и додатоци SPAD на Toyota, и го канализира духот на возилата на Dakar Rally со значајни инженерски надградби и оф-роуд способности.

 

Возилото е базирано на последниот RAV4 PHEV и ја задржува моќноста на хибридниот систем со 302 коњски сили. SPAD инженерите го опремија RAV-X со робусна суспензија, зголемувајќи ја висината на возилото за 5, односно ширината за 16 сантиметри.

Концептот користи 17-инчни алуминиумски тркала, високи заштитни плочи, браник инспириран од Dakar релито и висок издув. Аеродинамичните елементи ги вклучуваат задниот спојлер и стратешки поставените вентили за подобрување на протокот на воздух.

Од Toyota велат дека RAV-X е повеќе од само концепт, па можеби со тоа јапонскиот производител наговестува дека следниот Rav4 ќе има слично ниво на опременост.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!