GranCabrio Folgore е нов електричен спортски кабриолет на Maserati – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GranCabrio Folgore е нов електричен спортски кабриолет на Maserati

Спортскиот GranCabrio Folgore има впечатлив дизајн и погонска група од три мотори со моќност до 829 коњски сили.

Моделот ги следи стапките на верзијата со мотор со внатрешно согорување, со оптимизиранa аеродинамика која вклучува нов преден браник и ревидирана решетка. Мекиот покрив може да се спушти за 14 секунди при брзина до 50 км/час и истиот ќе биде достапен во пет бои – Nero, Blue Marine, Titan Grey, Greige и Granata.

Во кабината се поставени 12,2-инчна дигитална инструмент табла, 12,3-инчен инфозабавен систем и 8,8-инчен комфорен дисплеј. Останатата опрема вклучува стандарни грејачи на седишта, аудио систем Sonus и дигитален часовник. Внатрешноста опционално може да биде опремена со Econyl – одржлив материјал кој е направен од рециклирани рибарски мрежи и теписи.

Пакетот батерии од 92,5 kWh ги напојуваат трите мотори (еден напред и два позади), кои достигнуваат максимална моќност до 829 коњски сили и 1350 Nm вртежен момент. GranCabrio може да забрза до 100 км/час за 2,8 секунди и да достигне максимална брзина до 290 км/ч. Според WLTP, планираниот опсег се движи од 419 до 447 километри, а времето за полнење за поминат опсег до 100 километри изнесува само 5 минути, доека за полнење на батеријата од 20 до 80% изнесува импресивни 18 минути.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!