Rimac и BMW Group објавија стратешко партнерство! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Rimac и BMW Group објавија стратешко партнерство!

Rimac Technology и BMW Group денес го објавија своето долгорочно, стратешко партнерство.

Целта на соработката меѓу Rimac и BMW е заедно да создадат иновативни решенија во полето на батерии со висок напон, наменети за одредени електрични возила. Двете компании имаат различни, но комплементарни експертизи кои се надоградуваат на креативен и продуктивен начин. Стратегијата за електрификација на BMW Group е во насока на надградување на водечката позиција во сегментот на премиум електрична мобилност и германската групација во ова партнерство носи повеќе од 15 години искуство кога станува збор за батериите и електричните погони.

Истовремено, Rimac Technology е Tier 1 добавувач кој е специјализиран за електрификација на автомобилскиот сектор. Портфолиото на Rimac вклучува батериски модули, е-оски, електроника и софтверски решенија. Истовремено, продуктите на Rimac Technology се целосно независно развиени и нудат висок степен на прилагодување.

Партнерството меѓу BMW Group и Rimac Technology е еден од знаците за транзицијата која Rimac Technology ја прави од добавувач на решенија со високи перформанси кон добавувач кој може да испорача голем волумен на продукти. Со оглед на растот кој се случува во сегментот, каде го препознаваме и новиот Rimac Campus, Rimac Technology е компанија која е подготвена да испорача проекти и решенија на највисоките автомобилски стандарди.

Инаку, Rimac веќе има историја со BMW – првиот проект на Мате Римац всушност беше целосно-електричен BMW E30. Rimac веќе соработува со огромни имиња од автомобилската индустрија – покрај тоа што компанијата на Мате Римац е сопственик на Bugatti, Rimac соработува и со Aston Martin, Hyundai, Kia, Jaguar, Koenigsegg, итн.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.