Škoda го најавува малиот електричен Epiq – пристигнува следната година, ќе чини од 25.000 Евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda го најавува малиот електричен Epiq – пристигнува следната година, ќе чини од 25.000 Евра!

Чешкиот бренд ни претстави концепт со кој најавува нов, мал компактен SUV – Epiq пристигнува следната година, ќе чини од 25.000 Евра и ќе може да помине 400 километри со полни батерии!

Škoda ја искористи Годишната Прес Конференција да го претстави Epiq – суб-компактниот кросовер кој ќе ги дели гените со веќе-најавените Volkswagen ID.2 и Cupra Raval.

Малиот Epiq е долг нешто повеќе од 4 метри и на надворешноста го препознаваме Modern Solid дизајнерскиот јазик на Škoda. Секако, бидејќи се работи за кросовер, добиваме и подигнат став, но и современи дизајнерски детали и препознатлив LED светлосен потпис.

Концептот е во Moon White бела боја и влече инспирација од 7S концептот кој Škoda го претстави во 2022. Секако, останува да видиме колку од концептските детали ќе бидат преточени во сериски автомобил, но со оглед на тоа дека серискиот Epiq треба да пристигне веќе следната година, очекуваме дека концептот е близу до финалниот автомобил.

Škoda ветува и „епска“ (ја сфаќате финтата?) понуда на простор во кабината, но и багажен простор со скоро неверојатен капацитет од 490 литри. Во кабината препознаваме огромен инфозабавен екран и мал дигитален инструмент-панел – нешто слично како кај Škoda Enyaq кој неодамна го возевме. Забележуваме и нов, двокрак управувач и дискретни отвори за вентилација.

Škoda ја искористи прес-конференцијата да нагласи дека не се откажува од моторите со внатрешно согоровуање. Минатата година чешкиот бренд продал вкупно 866.800 возила, а Claus Zellmer (Главниот Извршен Директор на Škoda) потврди дека и понатаму работат на развој на високо-ефикасни мотори со внатрешно согорување, но и лајт-хибридни и плаг-ин хибридни погони.

Дополнително, тој потврди дека ќе продолжат да нудат возила со мотори со внатрешно согорување сè додека купувачите ги преферираат и сè додека законските рамки дозволуваат нивна продажба на одредени пазари.

Поврзано:  Новиот, поголем и уште понапреден Škoda Kodiaq пристигна во Македонија!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.