Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot најавува интегриран ChatGPT во целата гама и 8-годишна гаранција за Е-3008

Францускиот бренд има навистина многу доверба во своите автомобили, па токму затоа ја лансира Peugeot Allure Care програмата за новиот Е-3008 која ќе го покрива возилото во период од 8 години или до 160.000 километри.

Peugeot Allure Care е програма која според Peugeot гарантира „мирна глава“. Програмата ќе ја обезбеди таа „мирна глава“ преку покривање на електромоторот, полначот, погонот и главните електрични и механички компоненти до 8 години, односно до 160.000 километри. Програмата има цел да придонесе кон прифаќањето на најновата генерација на електрични возила со тоа што ќе им го обезбеди мирот кој е потребен да се направи промената од возило со мотор со внатрешно согорување кон електрично возило.

Програмата не е замена за досегашната гаранција, туку е дополнување на гаранцијата на батеријата од 8 години или 160.000 километри која Peugeot веќе ја нуди кај електричните возила. Програмата ќе биде големите европски пазари, а од Peugeot напоменуваат дека се прв европски бренд кој нуди вакво покривање за еден свој модел. Peugeot Allure Care програмата автоматски ќе се активира за следните две години или 25.000 километри по секој редовен сервис направен во Peugeot мрежата.

Истовремено, Peugeot објави дека дополнително ќе го подобри корисничкото искуство со интеграција на ChatGPT технологија низ целата гама на патнички и комерцијални возила. Интеграцијата ќе започне на пет пилот-пазари пред да почне и пошироко да се нуди во втората половина од годинава. ChatGPT ќе биде интегриран во i-Cockpit и преку OK Peugeot гласовниот асистент станува вистински партнер кој може да одговори на бесконечно многу прашања. Со активација на OK Peugeot гласовниот асистент, едноставно ќе му поставите прашање, а ChatGPT ќе одговори најдобро што може. Генеративниот AI ќе понуди одговори на специфични прашања – како на пример што да посетите во некој град, или како да стигнете до саканата дестинација, итн.

Peugeot го искористи денешниот E-Lion ден да објави дека Stellantis работи на развивање на нов пристап базиран на четирите R постулати – Remanufacture, Repair, Reuse и Recycle. Во таа насока, Peugeot ќе користи помалку материјали, како и повеќе одржливи материјали со што ќе ја зголеми нивната долготрајност и ќе гарантира нивно рециклирање на крајот на нивнио тживот. Истакнуваат дека новиот Е-3008 е направен од дури 23% рециклирани материјали, меѓу кои се и челикот и разно-разни полимери.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

За конечно рециклирање на возилата во Европа, Stellantis го основаше Sustainera Valorauto – заеднички проект со Galloo, европски лидер кога станува збор за рециклирањето. Оваа компанија нуди врвни професионалци и целосно решение кое вклучива и растурање на возила, како и преземање, обновување и рециклирање на сите релевантни материјали. Во САД, Stellantis ќе соработува со Orano кој е глобален лидер во рециклирањето и ќе работи на враќање и користење на материјалите од литиум-јонските батерии.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.