Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Tјунинг студиото Manhart го изработи моделот V 350

Малкумина би ја гледале комби класата на Mercedes-Benz како возило на кое му е потребно тјунирање, но тоа не ги спречи германските Manhart да го сторат токму тоа.

Минивенот со вградениот TopCar кит изгледа скоро како производ на AMG, пред се благодарение на новиот преден браник со големи доводи за воздух и сјајните црни елементи.

Од страна, Manhart го опреми Мерцедес V со проширени полумесеци на предните и задните тркала и вгради поголеми прегради. Промените на каросеријата продолжуваат и позади со новиот браник и дифузор, а визуелните модификации се заокружуваат со сетот од 20-инчни Manhart тркала во сјајна црна боја.

Висината на возењето е спуштена за 25 mm а засилен е и 2,2-литарскиот битурбо четирицилиндричен дизел мотор кој сега произведува 280 коњски сили и 585 Nm вртежен момент.

Сите горенаведени делови за V-Class се продаваат поединечно од страна на Manhart, а цените се движат од неколку стотици до неколку илјади евра.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!