КАДИС одбележува 33 години од своето основање – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

КАДИС одбележува 33 години од своето основање

На 4-ти Декември 1990-та год. е основана компанијата ТД Кадис која денес бележи 33 години успешна работа во бизнисот со продажба и сервисирање на автомобили.

Golden Dealer во Европа 2 години по ред, награда за најуспешен ПР и Маркетинг во Европа, награда за општествено одговорна компанија во Македонија, со поддршка за  младите и успешни генерации во спортот и културата освојувајки 2 шампионски титули во кошарка заедно со МЗТ, одлични резултати во женска одбојка, Европско првенство во мечување, организација на хуманитарни тениски турнири за Универзитетската клиника за детски болести Скопје, за Детската кардиохирургија, за Здружение за граѓани за третман на лица со аутизам и многу други донации  е резултат на долгогодишната успешна работа на КАДИС.

Од Кадис кажуват дека се горди на постигнатите успеси продолжуваат и понатаму да создаваат вистински и чесен пат на идните генерации, и дека со исто темпо ќе бидат достапни и услужни на нивните корисници.

„Ви благодариме драги пријатели за вашата доверба во овие полни 33 години.“ – кажуваат од КАДИС.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.