Новиот Alpine A110 R Turini ја предводи линијата на францускиот спортски автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Alpine A110 R Turini ја предводи линијата на францускиот спортски автомобил

A110 се издвојува од толпата благодарение на неговата едноставна формула за лесен спортски автомобил, а со последниот апдејт тој станува уште подобар.

Палетата започнува со стандардниот A110, кој има помека поставеност на шасијата во споредба со остатокот од гамата и го задржува својот 2.0-литарски мотор со турбо полнач. Сега стандардно доаѓа со Serac тркала од 18 инчи, предни дискови од 320 mm и алуминиумски педали.

Над тоа се наоѓа A110 GT кој доаѓа со кожни седишта, 18-инчни тркала со црни полирани краци и надграден звучен систем. Следува A110 S кој е опремен со спортска шасија, засилен ролбар и поголеми Brembo сопирачки. Визуелниот каросериски сет го сочинуваат предниот и задниот спојлер, црните бумеранг фарови и 18-инчните Fuchs тркала.

Како одговор на популарноста на A110 R (за кој нарачките се затворени до крајот 2024), има нов A110 R Turini. Тој се карактеризира со 18-инчни GT Race тркала во мат црна боја, како и каросериски делови изработени од карбонски влакна. Тука спаѓаат предниот спојлер, страничните прегради, дифузерот, капакот на моторот и задното крило.

Alpine вели дека нарачките за асортиманот A110 за 2024 година се веќе отворени, а производството ќе започне во март следната година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!