Електричниот Škoda Enyaq пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Škoda Enyaq пристигна во Македонија!

Големиот електричен SUV на Škoda пристигна во Македонија!

Škoda Enyaq веќе одлично се продава ширум Европа – и има зошто е тоа така. Комбинацијата од врвните практичност и просторност кои веќе сме навикнати да ги очекуваме од чешкиот бренд, заедно со моќниот и ефикасен електричен погон и големата батерија ветува одлични електрични перформанси.

Enyaq се нуди со четири различни нивоа на опрема – Clever, Plus, Advanced и Maxx, како и со четири различни дизајн пакети – од комфорниот Lodge, па понатаму Lounge, Suite и Eco Suite. Сите нудат различен амбиент во кабината па сигурни сме дека секој купувач ќе успее да најде комбинација која му одговара. Секако, за оние кои сакаат нешто поспортско тука е Enyaq Sportline – како на фотографиите!

Инаку, за новата моделска година Enyaq добива и нова, поефикасна батерија која сега ја носи ознаката 85 (во однос на досегашната ознака 80). Батеријата е со капацитет од 82 kWh, односно достапни 77 kWh и според WLTP мерењата овозможува досег од 565 километри. Enyaq стандардно доаѓа со погон на задните тркала, а по потреба може да се добие во комбинација 85x која e со погон на сите четири тркала. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 6.7 секунди, односно 6.6 секунди со погон на задните тркала.

Секако, вреди да се напомене дека дури и во основното ниво на опрема, Enyaq доаѓа со сета потребна опрема – LED предни и задни светла, сите системи за безбедност, автоматски клима уред, 13-инчен централен Amundsen мултимедијален дисплеј со сите опции за поврзување, панорамски сончев стаклен кров, паркинг камера и сензори, 19-инчни тркала, и многу, многу повеќе.

Поврзано:  Во чест на 130 години Skoda, претставена Fabia 130 со.. 175 коњски сили?

Цените започнуваат од 53.490 Евра за Enyaq, односно 55.620 Евра за Enyaq Coupe. За повеќе информации посетете ја официјалната веб-страница на Škoda, или пак салонот во Скопје или некој од салоните ширум Македонија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.