Toyota Yaris Cross добива надградена технологија и зголемување на моќноста – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Yaris Cross добива надградена технологија и зголемување на моќноста

Дотеран во современа SUV форма, со истата кабина и возни својства на малиот Yaris, лесно е да се види зошто Yaris Cross важи за еден од најпродаваните модели на Toyota во Европа.

Иако се уште претставува релативно нов модел, Yaris Cross доби освежување за 2024 година. Новото ниво на опременост „Premiere Edition“ доаѓа со ексклузивна боја Urban Khaki, 18-инчни алуминиумски тркала и украсни парчиња во внатрешноста. Останува спортската варијанта GR Sport што беше претставена лани, додека нивоата Icon, Design и Grade го сочинуваат остатокот од гамата.

Yaris Cross ги доби истите подобрувања на технологијата во кабината како неговиот понизок брат. Ова е видливо со големиот 10,5-инчен централен екран на допир и 12,3-инчниот дисплеј на возачот во опциите со повеќе опрема. Тука е и дигиталниот клуч кој овозможува да се контролираат базичните функции на автомобилот преку апликацијата MyToyota. Производителот тврди дека системот за препознавање глас е значително подобрен а софтверот сега работи со поголема оптимизација.

Нивото на безбедноста е исто така зголемено со новата камера и радарски систем кој има можност да скенира поголема површина на патот. Надградбите продолжуваат и со зголемените опции на мотори. Покрај самополначкиот хибриден 1,5-литарски трицилиндарец, сега има и помоќна варијанта на истиот со 129 коњски сили и вртежен момент од 185 Nm.

Рафинираноста на Yaris Cross е исто така подобрена. Еден од држачите на моторот има динамичен амортизер а прозорците користат подебело стакло со што приметливо се намалува надворешната бучава. Цената на освежениот модел за сега останува непозната, но ќе биде објавена веќе во Декември заедно со останатаите детали.

Поврзано:  ТЕСТ: Toyota C-HR 1.8 Hybrid E-CVT 2WD Cult - Очекуваниот избор

 

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!