Расте продажбата на Alfa Romeo – италијанскиот бренд пријавува одлични резултати за првите 9 месеци од 2023 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Расте продажбата на Alfa Romeo – италијанскиот бренд пријавува одлични резултати за првите 9 месеци од 2023

Главниот извршен директор на Alfa Romeo гордо објави дека продажбата на италијанскиот бренд бележи глобален раст од 39% во однос на истиот период минатата година.

Откако 2022 веќе беше одлична година за Alfa Romeo, трендот на раст на продажбата на италијанскиот бренд продолжува. Jean-Philippe Imparato кој е на чело на Alfa Romeo, гордо објави дека глобалната продажба во првите три четвртини од годинава е порасната за скоро неверојатни 39% во однос на истиот период минатата година.

Продажбата во Европа е зголемена за 66%, односно 15% во третата четвртина од годинава, додека растот во Средниот Исток и Африка е пораснат за 128% во однос на минатата година, односно 66% во третата четвртина. Истовремено, стартот на продажбата на Tonale (кој Jean-Philippe Imparato го нарекува Tonale-Effect) помогна за раст од 23% во Индија и Азиско-пацифичкиот регион.

Во Сингапур е отворено ново официјално претставништво на брендот, а Tonale е лансиран и во Кина. Истовремено, хибридната верзија на Tonale е лансирана во Јапонија. Во САД, каде штотуку започна продажбата на Tonale, Alfa Romeo бележи раст од 7%.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.