ПРЕМИЕРА: Ford претстави плаг-ин хибридна изведба на Ranger – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ford претстави плаг-ин хибридна изведба на Ranger

Плаг-ин хибридната изведба на Ranger ќе комбинира 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец, батерија и електромотор, а ќе добие и Pro Power Onboard систем за напојување на моќен алат и додатоци директно од практичниот пик-ап.

Ford ја проширува погонската понуда на Ranger со нов, плаг-ин хибриден систем кој треба да пристигне на почетокот на 20205. Според информациите кои пристигнаа од Ford, производителот се надева на повеќе од 45 километри автономија на струја, но истовремено цели да ги задржи товарните способности на Ranger.

Ford најавува дека плаг-ин хибридниот Ranger ќе комбинира 2.3-литарски EcoBoost турбо-бензинец со електромотор и батерија. Сега за сега не објавуваат никакви информации околу батеријата и електромоторот, но кажуваат дека плаг-ин хибридниот погон ќе испорачува „повеќе вртежен момент од било кој друг Ranger.“ Што значи тоа? Не можеме да знаеме со сигурност, но сепак можеме да претпоставиме дека ќе има поголем вртежен момент од 3-литарскиот V6 турбодизел кој испорачува 600 Nm.

Интересен новитет кој Ford го најавува е Pro Power Onboard системот кој ќе биде дел од Ranger. Овој систем ќе биде особено интересен за оние кои го користат Ranger за професионални активности и за кампирање бидејќи овозможува полнење и напојување на моќен електричен алат и  директно од батеријата на Ranger.

Со ова ќе им овозможат на сопствениците да заборават на големи и непрактични генератори и просторот кој тие би го заземале да го искористат за товар и опрема. Ford највува дека приклучоци за електрична енергија наменети за оваа намена ќе има во товарниот простор и во кабината.

Производството на Ranger Plug-In Hybrid ќе започне кон крајот на следната година а првите примероци ќе бидат испорачани во 2025.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.