Mini-мализам и масивен екран – Mini го открива ентериерот на новиот електричен Cooper – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mini-мализам и масивен екран – Mini го открива ентериерот на новиот електричен Cooper

Фотографиите кои Mini ги објави од ентериерот на новиот Cooper откриваат дека британскиот бренд истовремено оддава почит на минатото, но и цврсто гледа кон иднината и модерните технологии.

Нема бегање – вниманието највеќе го привлекува новиот, огромен кружен централен дисплеј. Mini ги исфрла сите физички инструменти и се концентрира токму на огромниот кружен екран кој е дом за сите функции на инфозабавниот систем, но истовремено ги прикажува и информациите околу возењето. Дополнително, пред возачот е поставен хед-ап дисплеј кој не се проектира на ветробранското стакло туку на мал дополнителен „панел“ пред управувачот.

Под кружниот дисплеј е поставен панел со физички прекинувачи меѓу кои е и прекинувачот за „менувачот“. Препознаваме и целосно-нов управувач, како и интересни форми и текстури на сите површини во кабината. Низ целата кабина забележуваме амбиентално осветлување, но и стремеж кон високата мода и минимализмот.

Mini веќе потврди дека електричниот Cooper ќе добие батерија со капацитет од 40.7 kWh и електромотор со моќност од 185 коњски сили, додека помоќниот Cooper SE ќе добие батерија со капацитет од 54.2 kWh и максимални 215 коњски сили. Во зависност од изведбата, се очекува автономија меѓу 300 и 400 километри со полни батерии.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.