Stellantis сака да го зголеми производството во Италија на 1 милион возила годишно – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Stellantis сака да го зголеми производството во Италија на 1 милион возила годишно

Главниот извршен директор на Stellantis имаше состанок со италијанската влада на која беше постигнат договор дека производството на возила во Италија ќе достигне 1 милион годишно.

Концернот Stellantis објави дека е постигнат договор со владата на Италија за зголемување на производството. Што значи тоа? На самиот старт, ќе биде додаден уште еден, петти модел кој ќе се произведува во фабриката во Мелфи. Интересно е да се напомене дека последен пат во Италија биле произведени милион возила годишно во 2017, кога Fiat Chrysler Automobiles сè уште не беше приспоен кон Stellantis.

Главниот извршен директор на Stellantis – Carlos Tavares – имаше состанок со Adolfo Urso, италијанскиот Министер за Индустрија минатата недела во Рим. По состанокот Tavares изјави дека „Уверен сум дека заедно со Aldolfo Urso ќе ги создадеме условите за ја смениме насоката на надолниот тренд на производсвто во следните две години и дека заедно ќе ја утврдиме насоката во која треба да се движиме за годишно во Италија да произведуваме 1 милион возила.“ Минатата година во Италија се произведени нешто помалку од 700.000 возила а очекувањата се дека оваа година ќе биде достигната бројка од 800.000 возила.

Истовремено, Tavares напомена дека во Melfi ќе се произведуваат четири премиум модели базирани на STLA Medium платформата, плус уште еден, петти модел. Италијанското седиште на Stellantis е во Торино, каде брендот инвестира милиони евра во основање на нов Зелен Кампус, а во текот на оваа година ќе биде отворен и новиот Battery Technology Center наменет за развој на батериски технологии и системи.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.