Занимација за големи деца – тркачкиот Peugeot 9X8 дебитира во LEGO изведба пред неговиот настап на Le Mans! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Занимација за големи деца – тркачкиот Peugeot 9X8 дебитира во LEGO изведба пред неговиот настап на Le Mans!

Тркачкиот тим на Peugeot TotalEnergies се соочи со нов инженерски предизвик – да го рекреира хибридниот тркачки хипер-автомобил во LEGO Technic!

Соработката меѓу LEGO Group и Peugeot Sport резултираше со супер-прецизна рекреација на тркачкиот 9X8 во размер 1:10 – и ги препознаваме сите детали на спектакуларниот хибриден тркач на Peugeot. Од острата силуета па сè до зелените детали, новиот LEGO Technic модел ги носи сите атрибути на 9X8 на една сосем поинаква сцена.

Моделот направен во LEGO Technic ги реплицира сите детали од вистинскиот автомобил – од 7-брзинскиот менувач, преку препознатливите врати, хибридниот погон и суспензијата, па сè до елегантниот профил и ситните детали. Инаку, целиот модел е долг 50 сантиметри, виспк 13 сантиметри и широк 22 сантиметри. Olivier Jansonnie, техничкиот директор на Peugeot Sport откри дека соработката меѓу LEGO и Peugeot Sport започнала уште во Јануари минатата година, пет месеци пред 9X8 да биде официјално претставен и дека била потребна цела година за целосно да се развие LEGO моделот.

„Беше особено важно за двата брендови да направиме модел кој е што е можно пореалистичен. Peugeot, Peugeot Sport и LEGO тимовите работеа заедно и имаа многу состаноци околу развојот на суспензијата и хибридните системи кои едноставно не можат да се реплицираат од фотографии. Им се заблагодаруваме на сите соработници и навистина сме горди и импресионирани од финалниот резултат кој ги надмина сите наши очекувања.“ – додаде Olivier Jansonnie.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.