full screen background image
Search

Alfa Romeo ја најавува Giulia SWB Zagato, пристигнува следната година!

Alfa Romeo и мајсторите од Zagato ја најавуваат Giulia SWB Zagato!

Alfa Romeo и Zagato имаат богата заедничка историја и соработката продолжува со новата Giulia SWB Zagato. Сега за сега имаме само најава, односно го гледаме светлосниот потпис на ексклузивниот модел, но според името можеме да претпоставиме дека се работи за модел базиран на Giulia, но со драстични измени. SWB наговестува дека ќе се работи за модел со пократко меѓуоскино растојание, па тоа најверојатно значи дека ќе ги нема задните врати, односно дека ќе добиеме некакво купе базирано на Giulia.

Немаме информации ниту за погонот, но не би биле изненадени ако под предниот поклопец на Giulia SWB Zagato се најде 2.9-литарскиот твин-турбо V6 од Giulia Quadrifoglio. Овој мотор испорачува импресивни 510 коњски сили и 600 Nm кај Giulia и Stelvio Quadrifoglio и би бил сосем доволен за ексклузивен модел каков што ќе биде Giulia SWB Zagato.

Навистина сме возбудени, и се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.