Porsche 718 Boxster и Cayman добиваат Style Edition изведби – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Porsche 718 Boxster и Cayman добиваат Style Edition изведби

Style Edition изведбите на Boxster и Cayman добиваат специјални бои и уникатни детали како однадвор, така и одвнатре.

Сите примероци ќе добијат 20-инчни црни тркала со специјални Porsche ознаки. Дополнително, ќе добијат црни завршетоци на спортскиот издувен систем и Porsche ознаки на задниот дел во сребрена боја. Style Edition моделите стандардно ќе добијат би-ксенонски светла со PDLS систем за осветлување, како и грст други додатоци. Интересна е новата боја која се вика Ruby Star Neo – која според Porsche е модерна реинтерпретација на Ruby Star бојата која дебитираше кај 964 Carrera RS.

Уште поважна опција е можноста тркалата да бидат во бела наместо црна боја – и ние со задоволство би ја одбрале токму оваа опција. Покрај ова, на купувачите ќе им биде достапен Contrast пакет со надворешни налепници во црна или бела боја. Кабината добива седишта со загревање, загревање на управувачот, декоративни елементи и Porsche ознаки.

Интересно е што Style Edition изведбите ќе се нудат со 2-литарскиот турбо-боксер со четири цилиндри – односно основниот мотор кој се нуди во Boxster и Cayman.

Сепак, овој мотор воопшто не е за потценување бидејќи испорачува 300 коњски сили и 380 Nm вртежен момент – доволни за забрзување до 100 километри на час за 4.9 секунди, односно 4.5 секунди доколку го нарачате Sport Chrono пакетот!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.