Manhart го надгради Porsche 911 Turbo S на 830 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart го надгради Porsche 911 Turbo S на 830 коњски сили!

Пакетот на Manhart се вика TR800 и веќе-моќниот 911 Turbo S го надградува на 833 коњски сили и 965 Nm вртежен момент!

Manhart TR800 е базиран на 911 Turbo S од најновата 992 генерација. Над задните тркала се наоѓа истиот твин-турбо 3.8-литарски шест-цилиндерски боксер, но со нови турбополначи, надграден интеркулер, „чепнат“ компјутер и надграден издувен систем. Резултат на сето ова е скок од 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент на импресивни 833 коњски сили и 965 Nm вртежен момент.

За жал од Manhart не кажуваат како овој скок влијае на перформансите, но 911 Turbo S веќе е навистина брз – во станардниот автомобил забрзувањето до 100 километри на час трае 2.7 секунди а максималната брзина е 330 километри на час.

Но од многу не боли глава, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.