Renault 4Ever Trophy Concept е најава за ретро-инспириран наследник на легендарниот Renault 4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault 4Ever Trophy Concept е најава за ретро-инспириран наследник на легендарниот Renault 4!

Renault најавува дека R5 и R4 моделите кои ќе дојдат во иднина ќе бидат електрични алтернативи на конвенционалните Clio и Captur!

Renault покажа навистина спектакуларен концепт во Париз – електричниот 4Ever Trophy Concept е најава за SUV од Б-сегментот кој ќе го карактеризираат грст ретро-инспирирани детали.

Гледајќи го концептот препознаваме навистина многу кул детали – од црната маска која ги „заокружува“ предните светла и асоцира на Renault 4, преку формата на страничните прозорци и закосениот заден дел, па сè до формата на задните светла. Секако, сето тоа е реинтерпретирано на современ начин – па финалниот продукт изгледа навистина интересно.

Концептот е во сива боја со многу детали во виолетова боја. Поставен е на големи, 19-инчни тркала со интегрирани компресори кои овозможуваат прилагодување на притисокот во пневматиците во реално време. Инженерите на Renault вградиле и понапредна суспензија за теренско возење – па навистина е доловен теренскиот карактер на концептот.

Сега за сега немаме никакви информации околу погонот. Знаеме дека батеријата е вградена во подот, а од Renault потврдија дека сериската верзија ќе биде поставена на CMF-BEV платформата и дека автомобилот ќе се произведува во ElectriCity во северна Франција. Ова е нова, модуларна платформа на Renault и веќе знаеме дека ќе се користи за неколку модели на Renault, но и на Alpine и Nissan.

Многу, многу фраерски!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.