ПРЕМИЕРА: Alpine Alpenglow ја најавува иднината на францускиот бренд – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Alpine Alpenglow ја најавува иднината на францускиот бренд

Името на концептот доаѓа од црвеникавото светло кое се јавува над планините пред изгрејсонце и истовремено е одлична аналогија за новото време кое доаѓа во Алпине.

Концептот е долг повеќе од 5 метри и широк повеќе од 2 метри, но е висок помалку од еден метар. Замислен да наликува на тркачките автомобили кои се натпреваруваат на долги трки, Alpenglow е широк и импозантен благодарение на триаголните форми кои го оформуваат дизајнот.

Особено интересен е светлосниот потпис, како на предниот, така и на задниот дел на автомобилот. Според Alpine, предните светла се во црвена боја и треба да наликуваат на комета која влегува во атмосферата, а задните се сини за да го потенцираат погонот на водород.

Да, Alpenglow работи на водород. Сега за сега немаме никакви дополнителни информации, од од Alpine кажуваат дека водородните горивни ќелии ги гледаат како технологија која ќе се нуди покрај батериските електрични возила и дека се вистинска алтернатива за погонување на мобилноста на иднината.

Едноседот на Alpine официјално ќе дебитира на саемот на автомобили во Париз. Во официјалното соопштение Alpine кажува дека острите форми на концептот, заедно со светлосниот потпис го најавуваат идниот дизајнерски јазик на брендот и дека инспирацијата од природните елементи и состојби се знак за работите кои доаѓаат. Интересно!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.