full screen background image
Search

Бензините поскапуваат по 2 и 2.5 денари, дизелот поскапува 3 денари

Претпразнично се зголемуваат цените на горивата – по минатонеделното зголемување, цените повторно одат нагоре.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.43%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се зголемува за 2.50 денари и еден литар 95-октански бензин ќе чини 89.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се зголемува за 2 денари и еден литар 98-октански бензин ќе чини 91.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 3 денари и еден литар дизел ќе чини 100.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.