Возбудлива трка на регионалната Аматерска Картинг Лига – победи Масимо Тасевски од Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Возбудлива трка на регионалната Аматерска Картинг Лига – победи Масимо Тасевски од Скопје!

Денес на Скај Карт картинг патеката во Волково се одржа трка на која земаа учество возачи од Аматерската Картин Лига. На трката победи Масимо Тасевски од Скопје, кој воедно води во овогодинешниот шампионат!

На покана токму на Масимо Тасевски ја посетивме денешната трка која се одржа на Скај Карт картинг пакетата во Волково. 18 возачи од Македонија и од Србија си ги одмерија силите со картинг-возилата со мотори со капацитет од 270 кубни сантиметри.

Форматот на трката е навистина интересен – прво се возат две квалификациски трки со цел да се добијат стартните позиции на двете натпреварувачки групи. Квалификациите се прават преку мерење на најдобро-постигнатото време на секој од возачите. Потоа двете групи се тркаат и по четири победници од двете групи продолжуваат во финалната, главна трка каде возачите си ги одмеруваат силите и се борат за највисокот место на пиедесталот.

Денес на трката победи Масимо Тасевски од Скопје, а зад него беа Александар Цветаноски и Марио Димов. Им честитаме на победниците, а им благодариме и на членовите на тимот од Скај Карт кои беа одлични и професионални домаќини!

Се надеваме дека ваквите трки ќе станат почести и дека ќе успееме да развиеме малку љубопитност и ентузијазам кај публиката.

Со повеќе публика трките сигурно ќе бидат уште повозбудливи!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.