Глобално-познатите Auto Motor und Sport од Германија и Auto Express од Велика Британија ги објавија резултатите од неодамнешното тестирање на зимски пневматици и WinterContact TS 870 на Continental постигнаа одлични резултати!
„Аuto motor und sport“ им додели оценка „многу добро“ на Continental WinterContact TS 870 P при последното тестирање (издание 20/2022). Експертите од германскиот магазин тестираа осум зимски гуми со големина 245/45 R19 102 V/W погодни за широк спектар на големи седани, купеа или SUV-возила.
Уредничкиот тим ги разгледа профилите на зимските гуми од европски, азиски и американски брендови и ги тестираше во вкупно 13 категории – вклучувајќи ракување, отпор на тркалање и сопирање. За уредниците беше важен и критериумот „Животна Средина“, каде WinterContact TS 870 P освои 9,4 од можни десет поени, а во категоријата „Отпор при тркалање“, гумата на Continental го постигна најдобриот резултат од сите осум тестирани зимски гуми.
„Многу лесно се контролира управувањето на снег со големи резерви“, напишаа експертите за тестирање во списанието „Auto motor und sport“.
Истовремено, својот тест на зимски пневматици го објави и британскиот Auto Express, каде WinterContact TS 870 се истакна во неколку категории, а уредниците на Auto Express истакнаа дека зимските пневматици на Continental се веќе повеќекратни победници на нивните тестови и дека TS 870 додаваат уште една победа во низата. Истакнуваат добри резултати во сите категории, плус добра потрошувачка на гориво – клучно за успехот на WinterContact.
Со WinterContact TS 870 P, Continental постепено ја заменува успешната TS 850 P. Кај WinterContact TS 870 P, Continental користи подобрено соединение Cool Chili и хидрожлебови. За да ја зголеми безбедноста на возачите кои вградуваат пошироки пневматици, развојните инженери отстапија од вообичаениот V-профил. Наместо тоа, Continental се одлучи за постабилен дизајн и четири големи циркумферентни канали меѓу редовите на блоковите на слојот за газење на WinterContact TS 870 P. Оваа иновативна структура на слојот за газење, која исто така значително се разликува од својот претходник, има јасни предности, особено во влажни услови, бидејќи особено брзо ја испушта водата од контактната површина, подобрувајќи ги карактеристиките за ракување, придонесувајќи за пократки должини на сопирање и нудејќи особено сигурна одбрана од аквапланинг.
Во споредба со докажаниот претходен модел, развојните инженери го подобрија сопирањето на влажни патишта за четири проценти и способностите за аквапланинг за осум проценти – без да ги жртвуваат перформансите во други области. Сопирањето на мраз (до 5 проценти), ракувањето на суви патишта (до 6 проценти) и ракувањето на снег (до 6 проценти) исто така заслужуваат пофалба. Од еколошка гледна точка, новата зимска гума на Continental е подеднакво убедлива. Нејзиниот отпор при тркалање е подобрен за два проценти, а животниот век дури за 16 проценти.
Асортиманот на производи првично вклучува 52 артикли за бандажи со пречник помеѓу 16 и 21 инчи, со пресеци на гуми од сериите 35 до 65 и ширини од 205 до 255 милиметри – вклучително и многу со ребра за заштита на бандажи и/или XL ознаки за зголемена носивост. Подобрената брзина достигнува до 270 km/h. Со тоа, WinterContact TS 870 P е идеално решение кога се менуваат гуми на седани, SUV-возила и спортски автомобили. Благодарение на дизајнот и стабилната конструкција оваа гума покажува високи перформанси и кај потешки возила на електричен погон.
Извор: PR Continental