MG Motor официјално стартува со продажба во рамките на Ми-Да Гранд Моторс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MG Motor официјално стартува со продажба во рамките на Ми-Да Гранд Моторс!

Првите возила пристигнаа и неколку примероци веќе се продадени – официјално стартува продажбата на моделите на MG Motor во рамките на Ми-Да Гранд Моторс.

Воскреснатиот бренд MG Motor се трансформира во современ производител кој нуди трендовски и привлечни возила кои би требало да ги привлечат пребирливите купувачи. MG Motor ќе ги привлече купувачите со неколку силни аргументи – привлечен дизајн, иновативни и современи погонски решенија, како и електрификација која е на ниво на веќе-постоечките европски конкуренти.

На нашиот пазар веќе пристигнаа првите примероци, а во салонот кој е дел од објектот на Ми-Да Гранд Моторс во моментов се изложени и може да се погледнат два модели. Првиот е MG ZS – модерен компактен кросовер, додека вториот е MG EHS – плаг-ин хибриден SUV кој комбинира 1.5-литарски турбо-бензинец со електромотор и батерија со капацитет од 16.6 kWh, за вкупна системска моќност од одлични 255 коњски сили, но и автономија на електрична енергија од малку над 50 километри.

MG ZS е достапен со 1-литарски T-GDI турбо-бензинец кој испорачува 111 коњски сили и 160 Nm вртежен момент, или пак 1.5-литарски атмосферски VTi-Tech кој испорачува 106 коњски сили и 141 Nm вртежен момент.

Може да се добие во неколку нивоа на опрема, а од Ми-Да Гранд Моторс најавуваат дека наскоро ќе бидат достапни за тестирање повеќето изведби на привлечниот кросовер. Цените се навистина интересни – основниот MG ZS може да се добие за 19.400 Евра, додека најопремениот чини 24.000 Евра.

Секако, лансирањето на целосно-нов бренд не е воопшто лесен предизвик – но привлечните модели и достапните цени, како и најавените целосно-електрични модели кои треба да пристигнат наскоро би требало да го направат MG Motor особено интересен на нашиот пазар.

Сето ова е поддржано од сервисните капацитети во рамките на Ми-Да Гранд Моторс, како и одличната 7-годишна гаранција која ќе ја имаат возилата на MG Motor.

Дознаваме дека неколку возила веќе се продадени и испорачани – и воопшто не сме изненадени. Наскоро и самите ќе ги возиме ZS и EHS, па ќе ги пренесеме нашите впечатоци. Вака на прва? Одлични!

 

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.