ПРЕМИЕРА: R5 Turbo 3E Concept е најава од Renault за електричен хот хеч! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: R5 Turbo 3E Concept е најава од Renault за електричен хот хеч!

Визијата за електричен хот хеч кој влече инспирација од легендарниот Renault 5 има на располагање 375 коњски сили и 700 Nm вртежен момент!

Концептот е базиран на веќе-покажаниот Renault 5 концепт од почетокот на оваа година, но со значително поагресивен стајлинг и нагласени спортски амбиции. Комбинацијата од агресивен аеро-пакет, широки тркала и агресивни отвори за воздух кажува дека се работи за навистина „сериозна играчка“.

Под каросеријата се крие литиум-јонска батерија со капацитет од 42 kWh, која пак е поврзана со два електромотори кои испорачуваат вкупно 375 коњски сили и 700 Nm вртежен момент.

Силата се испорачува кон задните тркала, а од Renault кажуваат дека концептот е „роден за дрифт“. Сето ова резултира со лансирање до 100 километри на час за само 3.5 секунди, како и максимална брзина од 200 километри на час.

Инаку, концептот тежи релативно лесни (за електричен автомобил) 1500 килограми и е поставен на 19-инчни тркала напред, односно 20-инчни позади. Дел од конструкцијата е и FIA-одобрен безбедносен кафез, а има и специјален Drift режим за вистински електрични лудории.

И иако Renault R5 Turbo 3E е само концепт, веќе знаеме дека Alpine веќе работи на спортска верзија на неизбежниот R5 хечбек кој е веќе најавен и потврден.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.