full screen background image
Search

РКЕ: Се намалуваат цените на горивата, сите цени се конечно под 100 денари за литар

Со најновото намалување на цените на горивата, цените на бензините и дизелот паѓаат под границата од 100 денари за литар.

Според методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 1.42%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 2.00 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 96.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 99.00 денари.

Конечно се намалува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото, и тоа за 2.5 денари за литар. Според најновите пресметки, цената на дизелот од вечерва ќе биде 97.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.