Германскиот Handelsblatt најавува дека Mercedes-Benz ќе ги пензионира А и Б класите по 2025 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Германскиот Handelsblatt најавува дека Mercedes-Benz ќе ги пензионира А и Б класите по 2025

Германскиот производител на луксузни автомобили веќе најави дека ќе ја намали моделската понуда и ќе се концентрира на поголемите, поскапи и попрофитабилни модели – но досега немаме информации кои модели точно ќе заминат во пензија.

Според германскиот Handelsblatt кој се повикува на инсајдерски информации од Mercedes-Benz, германскиот производител планира да ги пензионира А-Class и B-Class по 2025. Ова е во тек со плановите на Mercedes-Benz кои најавија поделба на сите модели на германскиот бренд во три категории – Entry Luxury, Core Luxury и Top-End Luxury. Mercedes-Benz веќе најави дека од Entry Luxury сегментот ќе биде скратен од седум на четири модели, но не појасни кои модели ќе продолжат и понатаму да се произведуваат.

Сега, цитирајќи извори во Mercedes-Benz, германскиот Handelsblatt тврди дека A-Class и B-Class ќе се пензионираат, а ќе преживеат супер-популарните GLA и GLB, како и купето CLA (кое е дизајнерско дело на Славче Таневски) како и CLA Shooting Brake. Ова најверојатно би значело и крај на производството на A Class Sedan.

Секако, сега за сега сето ова е непотврдено, но е во согласност со плановите за поедноставување на понудата на германскиот бренд, како и желбата на Mercedes-Benz да се фокусира на поскапите модели каде профитните маргини се поголеми.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.