Новиот Mercedes-AMG G63 4×4² е теренско чудовиште со 585 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Mercedes-AMG G63 4×4² е теренско чудовиште со 585 коњски сили!

AMG дивизијата ги откри првите фотографии и информации за новиот G63 4×4² кој под поклопецот крие твин-турбо V8 со 585 коњски сили!

За жал, од Mercedes кажуваат дека овој G63 4×4² е „последниот од неговиот вид“ – а тоа за жал најверојатно се однесува на неговиот мотор со внатрешно согорување и дека следниот (ако воопшто има) најверојатно ќе биде електричен.

Но што носи новиот G63 4×4²? Прилично екстензивни доработки и нова предна и задна оска која овозможува уште поголема оддалеченост од подлогата. Секако, тука е и моќниот 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 585 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Целосно независната суспензија и зголемената оддалеченост од подлогата (сега е цели 351 милиметар) овозможува патување низ вода длабока 910 милиметри како и агол на пристапување од 45 степени.

Каросеријата (која е во специјална зелена боја) има проширени крила (за да може да ги собере тие ОГРОМНИ 22-инчни тркала обвиени во теренски пневматици), а додадени се и дополнително LED осветлување и еден куп карбонски детали и додатоци.

Кабината добива дополнителни детали од карбон, специјално амбиентално осветлување, дигитален внатрешен ретровизор, специјална графика за дигиталните инструменти и уште неколку други ситници.

Ултра-фраерско, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.