MG Motor е новиот, трет бренд во понудата на Ми-Да Гранд Моторс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

MG Motor е новиот, трет бренд во понудата на Ми-Да Гранд Моторс

По Ford и Hyundai, Ми-Да Гранд Моторс во своето портфолио го додава и британскиот бренд MG Motor.

Регионалниот застапник на MG Motor – Grand Automotive Adriatic – има интересни планови за MG Motor. Според најавеното, Grand Automotive Adriatic ќе отвори 20 продажни и сервисни центри ширум регионот до крајот на 2022, а во Македонија брендот ќе биде дел од порфолиото на Ми-Да Гранд Моторс. Според официјалните информации кои ги добивме, големото отворање на салонот е закажано за 1-ви Септември, но некои од моделите ќе бидат достапни многу порано од тоа.

Инаку, MG Motor сега е под капата на кинескиот гигант SAIC Motor и веќе се шири на многу пазари ширум светот. Само во Европа се отворени повеќе од 400 продажни салони во изминатите две години, а продажбата зема амав – во 2020, MG Motor продаде 7200 возила во Европа, за таа бројка да биде триплирана со 22.000 продадени возила во 2021, односно дури 22.135 возила продадени само во првата четвртина од оваа година.

Сето ова е водено од идејата „да се креира нова ера за автомобилите“, а тоа резултира и со нова генерација на модели кои ја носат ознаката MG Motor. Тука се MG ZS, MG EHS, MG Marvel R и MG5. На регионалниот и нашиот пазар ќе бидат понудени електричниот караван MG 5, новиот MG ZS кој е SUV од Б-сегментот (и ќе се нуди во бензинска и електрична варијанта), MG EHS SUV од Ц-сегментот во плаг-ин хибридна верзија, како и електричниот SUV со името Marvel R.

Сите возила ќе доаѓаат со 7-годишна гаранција (со ограничување од 150.000 километри) – а со ова MG ќе се обиде да им ги приближи моделите на приватните купувачи, но и на бизнис корисниците.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Ова е новиот MG3

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.