Следната генерација на Apple CarPlay ќе може целосно да ги преземе дигиталните инструменти во вашиот автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следната генерација на Apple CarPlay ќе може целосно да ги преземе дигиталните инструменти во вашиот автомобил

Технолошките гиганти Apple и Google ги најавуваат следните генерации на софтвер наменети за користење во автомобил – а следната генерација на CarPlay ветува уште потемелна интеграција на софтверот на Apple во нашите возила.

Досега Apple CarPlay го „преземаше“ само инфозабавниот екран во возилата, без разлика дали поврзувањето е безжично или со кабел. Но од Apple на WWDC најавија дела следната генерација ќе биде темелно преработена и оптимизирана да може да работи на што е можно повеќе и различни екрани. Уште поважно, од Apple кажуваат дека следната генерација CarPlay ќе може директно да комуницира со системите на автомобилот и ќе може да „го преземе“ и панелот со инструменти поставени пред возачот.

Ова и не е изненадувачки, со оглед на тоа дека сè повеќе возила имаат дигитални инструменти, а екран е екран. Сепак, тука треба да се размислува за безбедносниот аспект, како и реалноста дека сите производители на возила користат различни софтверски системи и дека ваквата интеграција е навистина огромен залак – дури и за технолошки гигант како Apple.

Но без разлика на тоа, ова е логичен следен чекор – благодарение на целосната интеграција, корисниците ќе можат да контролираат повеќе од функционалностите на автомобилот, без да го напуштат CarPlay екосистемот – на пример, ќе можат да го контролираат клима-уредот, без да го напуштаат екранот за навигација од Apple Maps. Секако, ваквиот целосен пристап ќе овозможи CarPlay да прикажува и информации околу возењето – бројот на вртежи, брзината, па и нивото на гориво и слично. Ќе бидат достапни и можности за персонализација и избор на визуелен приказ – па ќе можете да одберете тоа што вам ви се допаѓа.

Следната генерација на CarPlay ќе биде лансирана кон крајот на следната година, а тоа дава време не само на Apple, туку и на производителите да работат на напредната интеграција која ќе биде потребна за ваков голем чекор кон синхронизирање на системите.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.