ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz T-Class е луксузен семеен миниван базиран на Citan. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-Benz T-Class е луксузен семеен миниван базиран на Citan.

Mercedes-Benz неодамна го претстави Citan, а денес ја гледаме новата T-Class која е базирана на популарното комерцијално возило – но е темелно преработена за да понуди луксузен и супер-практичен семеен транспорт.

Иако новата T-Class навистина наликува на Citan Tourer, сепак препознаваме значителни разлики кои го издвојуваат луксузниот модел. T-Class добива 17-инчни тркала, подискретни хромирани декоративни елементи, редизајниран преден браник и странични ретровизори кои се во иста боја со каросеријата. На самиот старт ќе се нуди верзија со пет седишта, а Mercedes-Benz најави дека понатаму во понудата ќе биде додадена и верзија со подолго меѓуоскино растојание и 7 седишта.

Кабината добива редизајнирани детали, како и повеќе станардна опрема. Дел од опремата е и MBUX инфозабавниот систем со 7-инчен екран и Android Auto и Apple CarPlay поврзување, а меѓу аналогните инструменти е поставен 5.5-инчен дигигтален дисплеј. Ќе добиете и систем за препознавање гласовни команди, стартување без клуч, Neotex вештачка кожа (или Artico природна кожа). Листата на опрема за безбедност вклучува 7 воздушни перничиња и грст систем за асистенција во возењето.

T-Class нуди одлична просторност во кабината, а товарниот простор лесно се трансформира во вистинско комбе со преклопување на задните седишта. T-Class може да се нарача со единечна врата за багажниот простор, или пак двојни врати како кај комерцијалните возила.

Новиот T-Class ќе може да се нарача со 1.5-литарски турбодизел со 95 или 116 коњски сили (230, односно 260 Nm вртежен момент), или пак со 1.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 102 или 131 коњска сила. Сите мотори стандардно ќе се нудат со 6-степен мануелен менувач, но помоќниот турбодизел и турбо-бензинците можат да се комбинираат со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сите верзии ја испорачуваат силата кон предните тркала.

Поврзано:  Мак Аутостар ја зголемува понудата со подолгиот Citan Tourer Long

Според најавите, нарачките се веќе отворени, а првите примероци се очекуваат во следните неколку месеци.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.