20% од продадените возила на Hyundai во Европа во првите два месеци од 2022 биле електрични! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

20% од продадените возила на Hyundai во Европа во првите два месеци од 2022 биле електрични!

Купувачите – особено тука во Македонија – се скептични, но продажните бројки си го кажуваат своето. Според најновите извештаи од Hyundai – дури 20% од продадените возила во првите два месеци од 2022 во Европа биле електрични!

Бројките доаѓаат од Korea Times, а потекнуваат од страницата на Hyundai наменета за информирање на инвеститорите и акционерите. Според овој извор, 11.532 од 57.842 продадени автомобили во Европа во првите два месеци од 2022 биле електрични – а тоа е околу 20%. А со оглед на тоа дека во моментов Hyundai нуди само три електрични возила во Европа – Ioniq 5, Kona Electric и Ioniq Electric – тоа е навистина импресивно.

Уште поимпресивен е растот на продажбата. Според истиот извор, во 2018 само 2% од продадените возила на Hyundai во Европа биле електрични – и корејскиот гигант нема да запре таму. Амбициите на Hyundai се да достигне 270.000 продадени електрични возила во 2026, односно дури 480.000 продадени електрични возила во 2030, до кога сакаат учеството на електрични возила на пазарот да биде 69%. Ова говори многу и за интензивната електрификација на европскиот пазар, бидејќи овие таргети за САД се 58%, односно само 36% за домашниот, јужнокорејски пазар. Hyundai сака веќе во 2035-тата година сите продадени возила во Европа да бидат електрични.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.