Електричниот Audi e-tron Sportback пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Audi e-tron Sportback пристигна во Македонија!

Првиот член на e-tron семејството на електрични автомобили на Audi кој пристигна во Македонија е купеовскиот e-tron Sportback!

Предниот дел на e-tron Sportback е остар, со изразена предна маска и нови Matrix LED предни светла, кои користат нова технологија за осветлување. Овие светла за прв пат се нудат во сериски автомобил, и нудат исклучителна прецизност во осветлувањето. Светлата имаат микро-огледало кое може да биде придвижено до 5000 пати во секунда – а тоа пак овозможува да бидат осветлени или маскирани одредени делови пред вас со исклучителна прецизност.

S-line пакетот на опрема става посебен акцент на спортските гени на Audi e-tron Sportback. Стандардно е опремен со тркала од 20 инчи и спортска воздушна суспензија. Препознатливиот преден браник е опкружен со поизразени воздушни завеси, кои го подобруваат протокот на воздух. Тие се протегаат под фаровите, а со тоа создаваат динамичен изглед дури и од далечина. На задниот дел, вградениот спојлер е стандарден, како и впечатливиот дифузер што се протега низ целата ширина на возилото и придонесува за извонредна аеродинамика.

Пристигнатиот примерок ја носи ознаката 55 quattro, а тоа значи дека автомобилот носи батерија со капацитет од 95 kWh, како и два електромотори. Оваа конфигурација испорачува 360 коњски сили и 561 Nm вртежен момент, кои во Boost режимот (кој трае 8 секунди) скокаат на 408 коњски сили и 664 Nm вртежен момент. Во овој режим, електричниот купе-SUV забрзува до 100 километри на час за само 5.7 секунди. Според официјалните податоци од Audi, e-tron Sportback 55 quattro може да помине до 466 километри со едно полнење на батериите.

Поврзано:  Audi го претстави концептот Q6 e-tron offroad

Секако, e-tron Sportback овозможува и супер-брзо полнење, па со пристап до доволно моќен полнач, полнењето до 80% трае помалку од 30 минути. e-Tron Sportback можете да го погледнете во салонот на Audi.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.