Во салонот на Suzuki пристигна најновиот S-Cross – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Suzuki пристигна најновиот S-Cross

Покрај освежениот дизајн, популарниот кросовер на Suzuki добива и грст нови технологии.

Новиот S-Cross добива повисок и поагресивен преден дел со заострени предни светлосни групи. Забележуваме и порубстен изглед благодарение на заштитните панели, а дизајнот визуелно го зголемува кросоверот на Suzuki. Според Suzuki, иако димензиите не се зголемени, просторната понуда во кабината е подобрена.

Кога сме кај кабината – врвно-опремените модели добиваат нов мултимедијален уред со дијагонала од 9 инчни, кој доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto поврзување. Дел од приказната е и уред за навигација, кожни седишта и панорамски сончев кров, но двозонски клима уред, LED светла, итн.

1.4-литарскиот бензинец нуди 48-волтна MHEV технологија која ветува врвна ефикасност и економичност. Моторот (кој потекнува од Swift) испорачува 129 коњски сили и 235 Nm вртежен момент. Можете да нарачате и Allgrip систем за погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.