Lexus открива уште фотографии од електричниот наследник на LFA – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lexus открива уште фотографии од електричниот наследник на LFA

Од Lexus кажуваат дека електричниот концепт „ја симболизира иднината на брендот Lexus“ – но и дека ќе катапултира до 100 километри на час за околу 2 секунди!

Концептот за кој Lexus и понатаму открива детали ќе биде изграден врз основа на врвни модерни технологии со кои располага јапонскиот бренд. Според најавеното, ќе може да помине околу 700 километри со едно полнење на батериите и ќе може да забрза до 100 километри на час за околу 2 секунди.

Концептот е дел од визијата на Lexus да лансира цел грст нови електрични и електрифицирани автомобили до 2030. Амбициите на Lexus се „да ја искористи електрификацијата за да го зголеми уживањето во возењето“ за сите клиенти. Од Lexus веќе најавија дека електричниот спортски автомобил „ќе ги наследи тајните на LFA“ – а тоа е навистина амбициозно ветување.

Сепак, ќе признаеме дека концептот изгледа интересно и навистина влече инспирација од легендарниот LFA. Ниската силуета и долгиот преден дел дефинитивно евоцираат спомени на LFA, а високите „колкови“ на задниот дел ги најавуваат сериозните намери на електричниот концепт.

Сега за сега немаме ниту име за моделот, па останува да бидеме трпеливи. Сепак, фотографиите ветуваат!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.