full screen background image
Search

Бензините поскапуваат за денар и половина, дизелот за два денари

Цените на горивата поставуваат нови рекорди – од вечерва на полноќ бензините ќе поскапат по денар и половина, а дизелот ќе поскапи два денари.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени ќе се зголемат во просек за 2.54%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се зголемат за по 1.50 денари. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 81.00 денари додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 83.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 2.00 денари, па еден литар дизел од вечерва ќе чини 73.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.