ВИДЕО: Škoda се подготвува да го претстави освежениот Karoq – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Škoda се подготвува да го претстави освежениот Karoq

Премиерата на освежениот Karoq е закажана за 30-ти Ноември, а Škoda забрзано го најавува фејслифтираниот SUV.

Karoq е особено важен модел за Škoda – всушност, по Octavia, Karoq е вториот најпродаван модел на чешкиот производител. Токму затоа, Škoda се подготвува да го претстави освежениот SUV и да го направи уште поинтересен за купувачите.

Сега за сега немаме информации за тоа што точно ќе вклучува освежувањето, но од Škoda најавуваат дека ќе има затегнат дизајн, со поширока предна маска и потенки светла, како и редизајнирани браници, а најавено е и „технолошка надградба“ – а тоа најверојатно значи нови дигитални инструменти, како и нови системи за асистенција во возењето.

Се очекува понудата на погонски единици да остане иста – а тоа значи дека во понудата ќе останат докажаните TSI турбо-бензинци и TDI турбодизел мотори. Како и досега, Karoq ќе може да се комбинира со мануелен или DSG автоматски менувач, како и погон на предните и погон на сите четири тркала.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.