Пет години по лансирањето, Peugeot 3008 – еден од најпродаваните модели на брендот – веќе го слави својот милонити модел кој излезе од производните ленти во фабриката во Сошо.
Peugeot се разбирливо горди на најновата генерација на 3008 – францускиот SUV веќе ја помина границата од еден милион. Произведен во Европа и Кина, започна со освојување на експертите уште пред да се појави на пазарите – а за тоа говорат 76 награди ширум светот, вклучувајќи ја и престижната награда „Автомобил на годината“ во 2017 година.
Во Франција, Peugeot 3008 е лидер во својот сегмент уште од првиот месец по појавувањето на пазарот. Во Европа, тој е на второто место во сегментот SUV во 2021 година. Исто така, зазеде силна позиција во Јужна Европа, каде што е број еден во Португалија и број два во Италија и Шпанија.
Европа сочинува 65% од продажбата на Peugeot 3008. Неговите главни пазари надвор од Европа се Турција, Израел, Јапонија и Египет. Повеќе од 80% од продажбата на Peugeot 3008 се верзии со автоматски менувач, а речиси 38% се од повисоките сегменти, што совршено го илустрира позиционирањето на брендот Peugeot на пазарот.
Peugeot 3008 ја нуди најновата генерација на системи за помош при возење, како и Peugeot i-Cockpit® со нов висококвалитетен дисплеј и нов 10-инчен екран на допир со висока резолуција. Возилото е совршено олицетворение на „моќта на избор“, нудејќи хибридни мотори на полнење, погон на две или четири тркала и мотори со внатрешно согорување, комбинирајќи ги уживањето во возењето и ефикасноста.
Peugeot 3008 ги освои клиентите благодарение на своите динамични квалитети и препознатливиот, современ надворешен изглед. Внатрешноста, со својот i-Cockpit®, нуди технолошка, топла и пријатна атмосфера, многу поинаква средина во која клиентите се чувствуваат удобно и едно од најдобрите нивоа на целокупно задоволство во Европа.
Извор: PR Peugeot