Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се вози во специјално-подготвена (и продолжена) верзија на францускиот премиум SUV.
Од DS пристигнаа информациите за новиот DS 7 Crossback Élysée во кој ќе се вози францускиот претседател. Специјално-подготвениот луксузен SUV е продолжен за цели 20 сантиметри, а со тоа е обезбедено повеќе простор во кабината – дури 545 милиметри повеќе простор на задните седишта. Задната клупа е заменета со две засебни седишта, а меѓу нив е поставен специјален централен гребен кој е наменет да ја олесни работата на еден претседател.
Инаку, DS 7 Crossback Élysée е придвижуван од E-Tense 4×4 плаг-ин хибриден погон со 300 коњски сили. Овој погон комбинира 1.6-литарски турбо-бензинец со два електромотори, а силата се пренесува кон сите четири тркала.
Секако, бидејќи се работи за претседателско возило, специјално-подготвениот DS 7 Crossback Élysée е блиндиран, но од разбирливи причини не се објавуваат дополнителни детали. Сепак, дознаваме дека DS 7 Crossback Élysée е опремен со специјална комуникациска опрема, како и сета дополнителна опрема (како на пример звучна и светлосна сигнализација) која му е потребна на еден ваков автомобил.