Новитети во салонот на Hyundai – пристигнаа Sonata и Bayon! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новитети во салонот на Hyundai – пристигнаа Sonata и Bayon!

Новата Sonata е голем, комфорен седан, додека Bayon е новиот компактен кросовер на Hyundai.

Новата Sonata е интересен новитет во портфолиото на Hyundai – седанот ќе се бори да ги освои купувачите како со неконвенционалниот дизајн, така и со врвните технологии кои ги нуди. Sonata се нуди во неколку различни нивоа на опрема, па би требало да ги задоволи вкусовите и на најпребирливите, односно на оние кои сакаат навистина многу опрема.

На нашиот пазар се нуди исклучиво со 2.5-литарски атмосферски бензинец кој испорачува 180 коњски сили и 232 Nm вртежен момент. Силата ја испорачува кон предните тркала преку 6-степен автоматски менувач, а таа комбинација овозможува 100 километри на час за 9.2 секунди, како и максимални 210 километри на час.

Вториот новитет е најмалиот кросовер во понудата на Hyundai – новиот Bayon. Субкомпактниот кросовер е базиран на i20, со кој ги дели и погонските единици. Сепак, бидејќи се работи за кросовер, просторната понуда на Bayon е поголема во однос на онаа кај i20 – Bayon е долг 4180 милиметри, широк 1775 милиметри и има изненадувачки долго меѓуоскино растојание од 2580 милиметри.

Кабината на Bayon ќе ги нуди сите технологии кои ги нудат и другите модели на Hyundai – сите верзии ќе добијат 10.25 инчен дигитален панел со инструменти, а на централната конзола ќе биде поставен 8 или 10.25-инчен мултимедијален уред со сите можности за поврзување.

Во однос на моторите – Bayon ќе се нуди со неколку различни погонски единици, сите бензинци. Достапни се 1 и 1.4-литарските атмосферци, како и 1-литарскиот T-GDI турбо-бензинец. Bayon е еден од кандидатите за Autobest признанието за 2022.

Новите Sonata и Bayon веќе можат да се погледнат во салонот на Hyundai.

Поврзано:  ТЕСТ: Hyundai Kona 1.6 T-GDI Premium 2WD 7DCT - Вон сите правила


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.