Во конкуренција од вкупно 50 различни модели на зимски пневматици, новите Continental WinterContact TS870 се не само победници на севкупниот тест, туку го освоија и Eco Champion признанието за одлични еко-перформанси.
Во огромниот тест на зимски пневматици на Autobild објавен на 7ми Октомври оваа година, 50 различни модели на гуми беа тестирани. Тестираните пневматици беа во супер-популарната димензија 205/55 R16, а за победник беше избран новиот зимски модел на Continental – новиот WinterContact TS870. Не само што имаше одлични резултати во тестирањата и беше истакнат како „пневматик за пример“, туку го доби и Eco Champion признанието за придонесување кон намалена потрошувачка на гориво. Новиот модел на Continental освои високи оцени како за возење на снег, така и на мокри услови, но и во контекст на цената.
„Нов зимски профил со импресивни карактеристики на управување во сите временски услови, кратки дистанци на кочење, прецизно управување, добра безбедност при аквапланинг и многу добра потрошувачка на гориво“ – кажаа експертите по тестирањето на TS870. Интересно, од 50-те одбрани модели, дури 30 беа елиминирани на прелиминарните тестирања на сопирање на мокри и снежни улици, а 20-те модели кои беа финалисти беа тестирани во вкупно 16 категории.
На самиот почеток, TS870 е достапен во 21 димензија, за тркала со дијаметар од 14 до 17 инчи, широчина од 175 до 225 милиметри и профил од 45 до 65. Continental веќе најавува дека се планира проширување на понудата и со други димензии.
Застапници за пневматиците на Continental се нашите пријатели од Мотоцентар.
Извор: PR Continental