Alfa Romeo ќе лансира по еден нов модел до 2026, а потоа ќе стане електричен бренд – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Alfa Romeo ќе лансира по еден нов модел до 2026, а потоа ќе стане електричен бренд

Извршниот директор на Alfa Romeo – Jean Philippe Imparato – изјави дека брендот ќе претстави по еден нов модел секоја година до префрлањето на целосно електричен погон во 2027.

Планот ќе биде започнат со сериската верзија на малиот кросовер Tonale во 2022. Иако беше планирано Tonale да биде лансиран при крајот на оваа година, ќе биде претставен во Март. Малиот кросовер беше одложен поради незадоволството на Imparato од перформансите на неговата plug-in хибридна верзија.

На групацијата Stellantis од важно значење ѝ е електричните возила да нудат одлични перформанси, бидејќи ќе го зголемат интересот за целосно електричните модели по четири години. Тоа има голема важност бидејќи од 2027 сите нови модели на Alfa Romeo ќе бидат електрични.

Imparato претходно изјави дека Alfa Romeo треба да ја зголеми својата профитабилност, што значи дека ќе додаде два нови кросовери во гамата. Тоа го вклучува новиот Tonale, како и уште еден помал кросовер кој ќе се придружи малку подоцна.

Alfa Romeo исто така планира да ја отфрли платформата Giorgio, на која се базирани Giulia и Stelvio – единствените автомобили што ги продава брендот во САД. Таа ќе биде заменета од STLA-large архитектурата, која ќе ја дели со Maserati.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.