full screen background image
Search

Новата технологија за бојадисување на BMW нуди неограничени можности

Баварската компанија разви нова технологија за нанесување на боја, која овозможува цртање на секакви форми за побрзо време со помала количина на материјали.

Новиот процес наречен EcoPaintJetPro исто така овозможува и значително попрецизно бојадисување на површини. Наместо користење на пиштол за распрскување на боја, кој ја атомизира бојата со ротирачки елемент што се врти на 35-55,000 вртежи во минута и ја лепи на површината, новиот метод ја нанесува во стилот на инкџет принтер.

Процесот дозволува висока прецизност со варијабилна дебелина помеѓу 1 и 50 милиметри. Тоа му овозможува на BMW толку прецизно да нанесува бои, што може да црта разни контрастни шари без изолирање на површини.

Според Германскиот бренд, опциите за персонализирање се неограничени, бидејќи повеќе не се потребни луѓе за изолирање на површини од каросеријата. Наместо тоа, треба само да се испрограмира дизајнот во компјутерот и тој ја црта саканата форма на панелите од каросеријата.

Како последица на користењето помала количина на боја и време на персоналот, тој заштедува пари, а ова им дозволува на BMW да нудат персонализирани дизајни низ поголемиот дел од гамата.

Исто така, оваа технологија користи помалку воздух, што значи дека дополнително заштедува електрична енергија бидејќи нема потреба да го компресира целиот тој воздух. Компанијата предвидува дека новиот процес ќе заштеди околу 6,000 мегават-часа и ќе ја намали емисијата на јаглерод диоксид на работилницата за околу 2,000 тони годишно.

За да го прикажат овој процес, BMW ги тестираат можностите на мала серија примероци од M4, кои ќе бидат претставени во 2022.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.