Марко Блажевски денес беше најдобар Македонец на патеката во Гробник – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Марко Блажевски денес беше најдобар Македонец на патеката во Гробник

АКК Рено Спорт Скопје и Лема Рејсинг денес  ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Renault Twingo CUP првенство во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Renault Twingo CUP се најдоа во првите 10 и тоа Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Twingo CUP.

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона – Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:

Зоран Мираковски – 19, Ангелче Стојковски – 21, Слободан Трајковски – 22 и Емил Нацка – 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Twingo CUP трка, закажана за утре во 16:00 часот, а ќе може да ја следите во живо на следниот линк.

Извор: PR AKK Renault Sport



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.