Утринска Гимнастика: Формула 1 болид против BMW M1000 RR и Porsche 911 Turbo S – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Формула 1 болид против BMW M1000 RR и Porsche 911 Turbo S

Магазинот Carwow претстави видео во кое ги одмерува силите помеѓу Формула 1 Red Bull болид од 2011, спортски моторцикл BMW M1000 RR и серискиот суперавтомобил Porsche 911 Turbo S.

Формула 1 болидот на Red Bull е погонуван од 2.4-литарски природно аспириран V8 агрегат кој произведува 750 кс. Тој е речиси целосно направен од карбон, па тежи само 650 килограми.

BMW M1000 RR го придвижува мал агрегат од само еден литар, но тој испорачува 212 кс и 113 Nm вртежен момент. Секако, да не заборавиме и дека е значително најлесен со неговите 192 килограми.

На крај го имаме Porsche 911 Turbo S, кој во поглед на останатите сериски автомобили стои меѓу најбрзите со неговото забрзување од 2.7 секунди до 100 км/ч.

Колкава е разликата помеѓу врвните тркачко моторни возила и супер-брз сериски модел, можете да погледнете во видеото подолу!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.