ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG GT 63 S E PERFORMANCE – 843 коњски сили и 1400 Nm! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG GT 63 S E PERFORMANCE – 843 коњски сили и 1400 Nm!

Комбинацијата од 4-литарски твин-турбо V8 и електромотор поставен на задната оска нуди вкупно 843 коњски сили и 1400 Nm вртежен момент – кои пак му овозможуваат на моќниот AMG да забрза до 100 километри на час за само 2.9 секунди!

Новиот моќен супер-седан на AMG поставува нови стандарди. Хај-тек конфигурацијата е навистина импресивна – напред е поставен 4-литарски твин-турбо V8 кој соработува со електромотор поставен на задната оска. Во електромоторот е интегриран 2-брзински пренос како и диференцијал со ограничено пролизгување, а комбинацијата од сето тоа нуди дури 843 коњски сили и повеќе од 1400 Nm вртежен момент. Што значи сето тоа?

Сето тоа значи 100 километри на час за 2.9 секунди, 200 километри на час за помалку од 10 секунди и максимални 316 километри на час. А да, и според официјалните мерења, ова чудовиште може да троши само 8.6 литри бензин на 100 изминати километри, а може да помине до 12 километри на електрична енергија.

Батеријата е со капацитет од 6.1 kWh и користи иновативен нов начин за ладење. Течност која не спроведува електрична енергија тече околу сите 560 ќелии и гарантира идеална температура. Дури 14 литри од оваа течност се користат, но затоа батериите се цело време на идеална температура од 45 степени, без разлика на брзината на полнење или празнење – а тоа гарантира конзистентни и врвни перформанси. Батеријата тежи 89 килограми и може да испорача 70 kW континуирано, односно на кратки интервали до 10 секунди испорачува до 150 kW. Според Mercedes-AMG, технологиите кои се дел од хибридниот систем директно влечат инспирација од F1.

Phillip Schiemer, претседателот на одборот на Mercedes-AMG изјави дека со новиот хибриден Mercedes-AMG GT 63 S E PERFORMANCE, тие го транспортираат брендот кон електрифицираната иднина и ги следат насоките кои отсекогаш правеле AMG да е посебен и посакуван.

Поврзано:   Пристигна новиот Mercedes-AMG GT Coupe!

Токму со овој модел, AMG ја воведува новата ознака E PERFORMANCE, која ќе ја носат идните електрифицирани (и најверојатно и електрични) модели на брендот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.