Issimi објавија прекрасно видео од моќната Alfa Romeo Giulia GTAm на Giau Pass алпскиот премин на Доломитите.
Новата Alfa Romeo Giulia GTAm е спортски седан со одлични перформанси и фантастично управување во свиоци. Во рацете на искусни возачи како што е PowerslideLover е исто така и идеален инструмент за „уметничко лизгање“. Поготово кога патешествието се одвива преку змиулестите премини на прекрасните Алпи.
Токму како што веќе си замисливте, резултатот е воодушевувачки. Единствената маана ја наоѓаме во тоа што не трае подолго. Погледнете го видеото и уживајте!